Одземање на патна исправа и забрана за вршење на определени работни активности: Судот определи мерки на претпазливост за претседателката на ДКСК осомничена во „Адитив“
На претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска ѝ се определени мерки за претпазливост, поточно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова, како и забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело. Димитровска е осомничена во предметот „Адитив“.
– Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како “Адитив”, по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело. – потврдија за Инфомакс од Кривичниот суд.
Во рамките на предметот Адитив од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица, меѓу кои и претседателката на ДКСК. Околу делата што им се ставаат на товар и дејствијата што ги преземале во текот на утрешниот ден, соопштија пред малку од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…