(Видео) Калајџиев: Банана држава, премиерот глуми мал Вучиќ, а не смее да има пристап до докази во постапка!
Премиерот глуми мал Вучиќ, а не смее да има пристап до докази во постапка, вели професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордан Калајџиев во врска со истрагата за трагедијата во Кочани.
– Предистражната постапка во принцип е тајна и по правило премиерот не би можел да ги има доказите. На пример, конкретната лиценца би требало да биде доказ во постапката и нема начин таа да дојде до него. Сега ние сме исто, да не речам, банана држава и тука премиерот сака да биде мал Вучиќ. Јас не знам како не извлече поука дека тоа веќе не поминува ни во Србија, зошто би поминало тука.
И сака да се покаже како татко на нацијата и слично и во овие работи кадешто надлежноста е на Обвинителството бидејќи Законот за кривична постапка го дезигнира јасно Обвинителството дека тоа ќе дозира што може да се објави, што не, во интерес на јавноста, објаснува професорот Калајџиев.