Објавено на:

Синот на Трамп дојде во Белград, Вучиќ му печеше прасе: Глупо е да му дадеме шкампи

t

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, повторно дојде во Белград, втор пат во рок од еден месец, а синоќа го угости српскиот претседател Александар Вучиќ на вечера.

Трамп Џуниор е извршен потпретседател во американскиот конгломерат Trump Organisation и пристигна во саботата, за да се сретне со српските стопанственици во текот на попладневните часови.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, изјави, според известувањето на Танјуг, дека имале можност да му ги претстават своите проекти.

Тој беше во Србија и во март

Синот на американскиот претседател бил во Белград и во март, кога го интервјуирал Вучиќ за својот подкаст, а претходно бил во Србија и крајот на септември минатата година, за време на изборната кампања на неговиот татко.

Вучиќ тогаш на Инстаграм истакна „важноста на стратешката соработка на двете земји и заедничките проекти во наредните години“.

Вучиќ синоќа на Инстаграм се пофали дека ќе го пречека Трамп Џуниор на вечера со печено свинско месо.

„Би било глупо да нудиме шкампи“, напиша Вучиќ, заедно со фотографија покрај печеното месо подготвено за гостот.

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, веќе започнал бизнис ангажман во Србија во мај 2024 година, договорувајќи изградба на деловно-стамбен комплекс на местото на поранешниот Главен штаб на Војската на Југославија, кој беше срушен за време на НАТО бомбардирањето во 1999 година.

На тоа место е планирана изградба на луксузен хотел со деловни простории и повеќе од 1500 станови, а проектот го следат бројни антивладини протести во Србија, на кои се испраќа порака дека државата потпишала „таен договор, без никаква економска логика“, и покрај противењето на стручната јавност и граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…