СДСМ Конче: Советник од ВМРО-ДПМНЕ со навреди, закани и обид за физички напад врз граѓанин!
Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Конче со навреди, закани и обид за физички напад врз граѓанин, објавија од локалниот огранок на СДСМ во Конче.
Во продолжение ја пренесуваме нивната објава:
– На 26.04.2025 година, околу 22 часот во селото Конче, пред колонијалната продавница, советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Конче, Ирфан Баров, на најгруб начин упати навредливи зборови и сериозни закани кон жител на Конче. И покрај јасно изразената желба од страна на граѓанинот да нема никаква комуникација, советникот на двапати се обиде физички да го нападне, а нападот беше спречен единствено благодарение на присебноста на присутните граѓани.
Настанот се одигра на место кое е под постојан видео надзор, а снимките недвосмислено ја потврдуваат агресивноста и недоличното однесување на советникот Ирфан Баров.
Нападнатото лице било прегледано во итната медицинска служба, од каде што веднаш биле известени и надлежните служби при ОВР Радовиш.
Очекуваме МВР итно и професионално да постапи во врска со овој сериозен инцидент. Бараме санкционирање на советникот кој со своето однесување го посрамоти институцијата што ја претставува и уште еднаш покажа дека насилството е алатка која ја практикува ВМРО-ДПМНЕ. – стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…