Галичник во сериозна опасност – патот e оштетен од свлекување на земјиште
Селото Галичник е соочено со сериозно оштетување на патот кој го поврзува со други делови на земјата, предизвикано од свлекување на земјиште. Оваа ситуација претставува непосредна опасност за безбедноста на жителите, како и за туристите и посетителите кои често го посетуваат овој регион, велат од месната заедница. Тие апелираат до надлежните институции за брза интервенција и санација на оштетениот пат.
Патот, кој е од клучно значење за секојдневната комуникација и функционирање на заедницата, е во критична состојба, што може да резултира со прекин на пристапот до селото.
– Патот, кој е од витално значење за комуникацијата и секојдневниот живот во Галичник, во моментот е сериозно оштетен. Состојбата е таква што има потенцијал целосно да се прекине пристапот до нашата заедница. Ситуацијата претставува опасност не само за безбедноста на луѓето, туку и за нормалното функционирање на сите активности во местото, стои во информацијата од месната заедница Галичник.
Од месната заедница апелираат до надлежните институции, вклучително ЦУК и МВР, за итна реакција и санација на оштетениот пат, особено во пресрет на летната сезона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три недели откако пропадна патот во Галичник,…
Главниот пат низ Галичник, кој се оштети…
Галичник во сериозна опасност – патот e…
Селото Галичник е соочено со сериозно оштетување…
Галичани оправдано гневни: Српско здружение го направи…
Месната заедница Галичник реагираше во врска со…
По реакцијата на Пенушлиски делото „Галичник“ симнато…
На барање на познатиот македонски сликар Илија…
(Видео) “Тигрите” во акција: Со хеликоптер спасиле…
По упатен повик до Центарот за управување…