ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж облечен во воена униформа со пушка, лисици и со куршуми предизвика паника
49-годишниот А.У. е задржан во Полициската станица Радовиш, а за случајот е известено Основното јавно обвинителство. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по целосно документирање на настанот.
Македонија
Полицијата во Радовиш го приведе 49-годишниот А.У. откако бил затекнат како се движи во полна воена опрема, вооружен со пушка во рацете и со појас на кој имал пиштол, лисици и дрвена палка. Инцидентот се случил вчера околу 11:30 часот на улицата Шаин маале, а мажот се обидел да побегне откако бил повикан да се легитимира.
„Брзата реакција на полициските службеници спречи можно посериозно нарушување на јавниот ред и мир. Во моментот на приведување, лицето ги фрли сите предмети што ги При претрес, полицијата одзела: пушка, ремен со кожна футрола, еден пар метални лисици, метална цевка, три куршуми за сигнален пиштол, метална рамка со капси, пиштол и други предмети.
А.У. е задржан во Полициската станица Радовиш, а за случајот е известено Основното јавно обвинителство. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по целосно документирање на настанот.носеше – но тие беа пронајдени и обезбедени“, информираат од СВР Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…