Пакистан вели дека има информации оти Индија планира да го нападне наскоро како одговор за убиството на 26 туристи
Пакистан тврди дека располага со веродостојни разузнавачки информации дека Индија планира да изведе воен напад врз својот сосед во следните 24 до 36 часа. Ова доаѓа откако Индија го обвини Пакистан дека ги поддржува милитантите кои убија 26 туристи во индискиот дел на Кашмир минатата недела, што беше отфрлено од Пакистан.
„Индија планира да го искористи овој напад како лажен изговор за да го нападне Пакистан. Ќе одговориме одлучно на секој таков воен авантуризам на Индија“, изјави пакистанскиот министер за инфорации Атаула Тарар.
Нападот близу туристичкиот град Пахалгам на 22 април е најсмртоносниот напад врз цивили во спорниот регион во изминатите две децении. И Индија и Пакистан тврдат дека полагаат право врз регионот, поради кој водеа две војни. Индија одговори со воени удари на слични напади од милитанти во 2016 и 2019.
Индискиот премиер Нарендра Моди вети дека ќе ги гони и казни напаѓачите од Пахалгам. Властите рекоа дека извршиле опсежни претреси во Кашмир, при што биле приведени повеќе од 1.500 луѓе на сослушување и биле демолирани куќите на најмалку десетмина наводни милитанти.
Индија кажа дека идентификувала тројца од четворицата напаѓачи, од кои двајца биле пакистански државјани, а еден од индискиот Кашмир. Сепак, ниедна група досега не ја презела одговорноста за нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран напаѓа?! Сирени за воздушно предупредување, дронови…
Воените бази Лејкенхит, Милденхол и Фелтвел во…
Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми…
Услугите на „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и…
Ги тепале, ги давеле, им се потсмевале:…
Случајот со смртта на 32-годишниот поранешен атлетичар…
ММФ: Вештачката интелигенција го поттикнува растот, но…
Инвестициите во инфраструктура за вештачка интелигенција помагаат…
Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази загриженост за…