Родителите на Ѓорги од Струмица го подарија неговиот тапан на Бојан од Василево
Семејството на музичарот Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица, кој беше тапанар во групата ДНК, а кој прерано го загуби животот во пожарот во шталата „Пулст“ во Кочани решија да ги подарат неговите тапани.
Како што пишува струмицаденес.мк, неговите родители решиле омилениот музики инструмент на Ѓорѓи-тапанот, да го подарат на талентираното момче Бојан Трајков од Василево.
„Ѓорѓи нека свири преку тебе,“ беа тивките, но силни зборови на мајката на Ѓорѓи, додека му го подаваше тапанот на младиот Бојан, чиј поглед беше исполнет со благодарност и ветување дека секој удар ќе биде посветен, пишува струмицанет.мк
Со овој гест Бојан, кој уште од најрана возраст го чувствува ритамот како дел од своето срце, доби нешто повеќе од инструмент, доби благослов, доверба и наследство кое зборува со звуци наместо со зборови.
Ѓорѓи беше симбол на младоста, музиката и животната радост. Неговите ритми одекнуваа во срцата на многумина. За жал таа кобна ноќ, како дел од бендот настапуваше во „Пулс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За да нема голем ценовен скок на…
Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…
Битолчанка физички нападната и психички малтретирана од…
На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори
Поранешниот претседател и носител на листата на…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…
32-годишна жена од Скопје се здобила со…