42-годишник ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“, по член 236 став 1 од Кривичниот законик и две кривични дела „кражба” по член 235 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи , семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети. Со извршување на делата тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 466.000 денари.
На 16.01.2025 О.В. е лишен од слобода, а по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, при извршен претрес во домот каде престојувал, биле пронајдени и одземени предмети од извршените кривични дела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“…
На фејсбук-страницата на манастирот е објавена и…
Ограбена пензионерка среде бел ден во Центар
На 24.08.2024 во 14.55 часот во СВР…
Скопјанец со оружје ограбил банка: Се бара…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Ограбено казино во Центар!
Денеска (01.06.2024) во 00:07 часот во СВР…
Стружанец ја пријавил сопругата дека го ограбила
Жител на Струга во вторникот лажно ја…