Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство

t

Денеска (30.04.2025) од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот.

А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1, “Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” по чл.396 ст.1 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 ст.1 вв ст.1 од КЗ, а за доиздржување имал шест години и два месеци.

А.А. на 05.02.2021 бил пуштен на домашно отсуство, по што се дал во бегство.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор

Од затворот Штип вчера било пријавено дека…

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…

(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…

Возило на командир во битолскиот затвор било…

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…