Трамп: Американските деца можеби ќе имаат помалку кукли, ама Кина ќе страда многу повеќе
Претседателот на САД Доналд Трамп призна дека неговите царини може да предизвикаат во Америка да влегуваат помалку ама поквалитетни производи изјавувајќи дека „американските деца можеби ќе имаат две наместо 30 кукли“, ама „Кина ќе страда повеќе во трговската војна“.
Трамп се обидува да ја осигура нервозната земја, дека неговите царини нема да произведат рецесија откако новите извештаи покажаа дека американската економија опаднала за време на првите 3 месеци од годинава.
Трамп „како од пушка“ го обвини неговиот претходник од Демократската партија Џо Бајден за сите проблеми а на својот кабинет му објасни дека неговите царини значат дека „Кина има огромни потешкотии зашто и нивните фабрики не работат“. Трамп додаде дека на САД не им се потребни увози од Кина, најголемиот светски производител.
-Знаете, некој рече „леле, полиците ќе бидат празни“. Можеби децата ќе имаат две наместо 30 кукли. И тие кукли можеби ќе чинат малку повеќе пари, изјави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…