Објавено на:

Зеленски: Ова е соработка со САД и под фер услови

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е задоволен сегашната верзијата на договорот која според него е многу покорисна од претходната.

„Договорот не вклучува долг и се создава фонд за закрепнување, кој ќе инвестира во Украина и ќе заработува пари тука. Ова е соработка со Америка и под фер услови, кога и украинската држава и САД, кои ни помагаат во одбраната, можат да заработуваат пари во партнерство“ изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Двете страни договорот го нарекоа Фонд за реинвестирање на САД и Украина. Клучните точки во спогодбата содржат ослободување од долгот од 350 милијарди долари кој Украина не е обврзана да го врати на САД, а не ја спречува ни украинската држава кон пристапот во Европската Унија.

Дополнително е договорено остварениот профит од експлоатацијата на минерали за првите 10 години да се реинвестира во Украина. Сепак, САД можат да се повлечат од договорот во секое време. Граѓаните на Киев се надеваат дека договорот ќе помогне за побрз крај на војната која трае повеќе од три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…