Објавено на:

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Украина и Русија: „Трамп е фрустриран од Путин“

t

САД повеќе нема да бидат посредник во мировните преговори меѓу Русија и Украина, соопшти Стејт департментот.

„Телеграф“ објави дека Стејт департментот објавил дека го менуваат методот со кој ќе придонесуваат во разговорите и повеќе нема да учествуваат на состаноци низ целиот свет.

„Го менуваме начинот на кој придонесуваме во преговорите и повеќе нема да летаме низ светот на секој повик за одржување мировни состаноци“, соопшти Стејт департментот.

Одлуката доаѓа откако САД потпишаа договор за минерали со Украина под многу поповолни услови отколку што се сметаше претходно. Се вели дека Доналд Трамп, исто така, ја одобрил првата рунда испораки на оружје во Киев под негова администрација.

Стејт департментот вели дека сега и Киев и Москва мора да презентираат „конкретни“ предлози за завршување на војната и да се сретнат директно за решавање на конфликтот.

Доналд Трамп наводно е сè повеќе фрустриран од однесувањето на Владимир Путин, додека американските разузнавачки служби во најновите извештаи тврдат дека Путин сега е во ослабена позиција и ги ревидирал своите воени цели со акцент на зачувување на веќе стекнатите територијални добивки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во Арачиново, двајца повредени

Две лица се повредени при пукање кое…

Американските авиони поради кои Техеран и се…

Два американски авиони цистерни KC-135 ја напуштија…

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека глорификацијата…

За 20 години вакво нешто немаме видено,…

Вистинска драма се одвивала денеска во раните…

Син на босански министер уапсен за подметнување…

Босанската полиција го уапси малолетниот син на…