Орбан: Европа ќе банкротира ако ја прими Украина во ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека политиката на Брисел е фокусирана на воена поддршка за Украина, а приемот на земјата во ЕУ ќе доведе до банкрот на Европа.
„Брисел сака да го забрза членството на Украина во ЕУ, без оглед на цената. Не можеме да дозволиме нашите деца да плаќаат за глобалистичките фантазии на Брисел“, рекол Орбан, според медиумите.
Тој изјави дека „европските пари се внесуваат во Украина со колички, а економијата на ЕУ доживува акутен недостиг на средства“.
„Мора да признаеме дека без САД нема да можеме да ја финансираме ниту украинската армија, ниту украинската економија“, рече Орбан во интервју за Радио Кошут.
Покрај тоа, вели Орбан, лидерите на ЕУ се обидуваат да обезбедат забрзан влез на Украина во ЕУ до 2030 година.
„За да го финансира овој процес, Брисел планира да земе „огромен заем“, што ќе доведе до долг кон ЕУ. Во оваа смисла ЕУ треба да ги поддржи мировните иницијативи за решавање на украинскиот конфликт“, рече Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…