Објавено на:

(Видео) „Киев Индепендент“: Русија жестоко го нападна Харков – Зеленски вели ги таргетираа станбените згради кога луѓето беа дома

t

Најмалку 47 лица се повредени синоќа во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Харков, соопштија локалните власти, објави „Киев Индепендент“. Најмалку осум лица се хоспитализирани по нападот.

„Немаше воени цели и не можеше да има. Русија напаѓа станбени згради во време кога Украинците се дома, кога ги успиваат своите деца. Само тирани можат да издаваат такви наредби и да ги извршуваат“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Харков, кој има милионско население, вториот по големина град во Украина, претрпел повеќекратни воздушни напади во текот на војната.

Засегнати се четири населби

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави на својот официјален Телеграм канал дека нападот бил извршен на 12 локации во четири градски области – Кијевска, Основјанска, Слобидска и Салтивска.

Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека во нападот се оштетени куќи, продавници и возила, а некои згради се запалени. На местото на нападот беа испратени служби за итни случаи.

„Секоја ноќ се претвора во ужас“

Зеленски повторно ги повика сојузниците на Украина да ја засилат поддршката за Киев додека Русија ја продолжува својата војна против Украина.

„Додека светот ги одложува одлуките, речиси секоја ноќ во Украина се претвора во ужас што одзема животи. На Украина ѝ е потребна посилна воздушна одбрана“, рече Зеленски.

Руските сили ги засилија нападите врз украинските градови и места во последните недели, при што се пријавени бројни жртви во Криви Рог, Суми, Киев, Одеса и Харков.

Според Обединетите нации, најмалку 164 цивили биле убиени, а 910 ранети во Украина во март – зголемување од 50 проценти во споредба со февруари и 70 проценти во споредба со март минатата година. Речиси сите жртви биле на територија под украинска контрола, а повеќето од жртвите биле предизвикани од ракети со долг дострел и беспилотни летала.

Украинските власти постојано повикуваат на дополнителна поддршка за воздушна одбрана за заштита на големите градови како Харков од постојани воздушни напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…