По десетти пат косовското Собрание не успеа да избере претседател
И на денешното, десетто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, не беа избрани ниту претседателот, ниту потпретседателите на Собранието, бидејќи пратениците не прифатија формирање изборна комисија.
Претседавајќи со седницата, пратеникот од Самоопределување, Авни Дехари, повторно побара од пратеничките групи предлог за комисија, што ќе го следи тајното гласање.
Освен од Самоопределување, кандидати за членови на изборната комисија поднесоа и претставници на немнозинските заедници.
Претставници на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово се изјаснија против тоа.
После тоа, претседателот го стави на гласање предлогот за состав на комисијата, и тоа не го доби потребното просто мнозинство од 61 глас ниту овојпат, ниту пред два дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…