Зеленски: Украина е подготвена на прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на непријателствата најмалку 30 дена.
Зеленски во вечерното видео обраќање изјави дека се подготвува за важни состаноци и разговори со странски партнери за потребата да се влијае врз Русија да се согласи на целосно примирје во траење од 30 дена, што би овозможило барање решение за ставање крај на војната. Според Зеленски, „никој не гледа таква подготвеност“ од Русија сега.
Тој изјави дека економските услови во Русија сега се понеповолни бидејќи цената на нафтата сега е пониска, објави Укринформ. „Затоа, санкциите против руските енергетски компании, против банките дефинитивно можат да помогнат во мирот. Разговаравме за ова со нашите партнери. Знаеме дека нашите партнери нè слушнаа“, рече Зеленски. Според него, сегашниот интензитет на руските напади врз Украина не укажува на ништо друго освен на желба за продолжување на борбата.
„Одговараме на целиот фронт, како и во (руските) Курски и Белгородски региони, каде што остануваме активни“, рече Зеленски. Зеленски претходно изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин му е потребен прекин на огнот од полноќ на 8 до 10 мај и дека е невозможно да се постигне договор за следните чекори за завршување на војната во тој период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…