Објавено на:

Левица положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев

t

По повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонската националноослободителна борба, Гоце Делчев, делегација на Левица – предводена од пратеникот Борислав Крмов, заедно со членовите на Централниот комитет, Горан Костовски и Катерина Јовановска, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште оддавајќи му почит за неговото историско дело и револуционерна оставнина.- соопштија од партијата Левица.

– Денес, кога темелите на македонската национална свест се системски разнебитувани од страна на квислиншките структури на власта, под директива на странски центри и амбасади, императив е да се потсетиме на заветот на Делчев и да се вградиме во неговиот идеал – за слободна, праведна и народна Македонија, која нема да биде слугинка на туѓи интереси.

Делчев е споменик на непокорот, визионер кој ја согледа нужноста од организирана, народна борба за слобода.

Затоа, денес, кога гледаме како се понижува македонската историја, се препродаваат националните интереси, а народот тоне во сиромаштија и безизлез – должност ни е да се бориме. Да се спротивставиме на политиките на колонизација, на бришење на идентитетот, на продажбата на секој педа земја и достоинство.

Левица се позиционира како автентичен продолжувач на револуционерната мисла на Делчев – непомирлива кон неправдата, неподмитлива пред центри на моќ и безрезервно посветена на народот. Во време на политичка капитулација, кога се гази врз достоинството на државата и се разнебитува националниот идентитет, Левица останува бастион на отпорот, глас на обесправените и браник на македонскиот суверенитет.

Слава му на Гоце Делчев! – напишаа од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…