Срна причина за несреќата во Хрватска, двајца загинати и 31 повреден
Две лица загинаа, а 31 лице е хоспитализирано во три хрватски градови откако патнички автобус и автомобил се судрија рано изутрината на автопат во Хрватска, објавија хрватските медиуми.
Денес околу 3 часот наутро, на автопатот А3 Посавска Автоцеста, кој поминува низ регионот Славонија во источна Хрватска, се судрија двокатен патнички автобус со босанска регистарска табличка и автомобил, исто така со босанска регистарска табличка, објави ХРТ.
Две лица загинаа на самото место, а 31 повредено лице се хоспитализирани во главниот град Загреб и блиските градови Сисак и Пакрац. Петмина од повредените се во тешка состојба и ќе бидат оперирани.
Командантот на противпожарната служба на Сисачко-Мославинската жупанија, Мирослав Голуб изјави дека причина за несреќата е срна која одеднаш скокнала на автопатот.
„Автомобилот се судрил со срна која излетала на автопатот. Не е познато дали ја пробила заштитната ограда или само скокнала преку неа. Возачот очигледно не можел да го помести автомобилот после тоа, но излегол на патот и им мавнал на другите возачи да ја намалат брзината и да застанат“, забележал тој.
Според него, автобусот не можел да застане и се судрил со запрениот автомобил, ја преминал заштитната ограда и застанал на спротивната лента.
Делот од автопатот помеѓу Поповац и Криж е блокиран и движењето е ограничено. Колоната автомобили во насока кон Загреб е долга 18 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…