СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик
Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност.
Тоа е делото на Блаже Конески, но и многу други значајни великани. Им оддаваме почит и го пренесуваме аманетот за негова заштита, промоција и унапредување од генерација на генерација.
За жал, токму денес, сведоци сме на игнорантски однос од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која веќе 9 месеци не спроведува ниту една одредба од Законот за употреба на македонскиот јазик, велат денеска од СДСМ на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик.
– Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик не може да функционира затоа што се уште не е усогласен со законот за инспекциски надзор. Нема вработени инспектори, само партиска директорка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и толку.
Нема нови вработувања ниту на лектори, нема ниту стипендии за ученици и студенти.
Прекинат е дури и конкурост „цртај на македонски јазик“ што успешно се реализираше 3 години.
СДСМ во изминатите години презеде конкретни чекори за заштита и унапредување на македонскиот јазик.
Македонскиот јазик стана официјално признат во светот, но и рамки на ЕУ преку Договорот со ФРОНТЕКС.
Обезбедивме буџетски средства за дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик – 5 милиони записи се трајно заштитени.
Го дигитализиравме Толковниот речник и Правописот, правејќи ги достапни за сите граѓани.
За првпат по 24 години, вработивме научници во Институтот за македонски јазик.
Донесовме Закон што предвидува вработување лектори во сите институции и задолжително лекторирање на официјалните документи.
Тоа се конкретни дела за македонскиот јазик.
Министерот Љутков покажува ограмна неспособност.
На овој значаен ден, СДСМ ја повикува Владата веднаш да ги спроведе сите законски обврски од Законот за употреба на македонскиот јазик. Отворањето на Инспекторатот, вработувањето на лектори и обезбедувањето стипендии не се прашања на партија, туку прашања на национална должност.
Македонскиот јазик заслужува државна грижа, а не партиски заборав. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…