Ужас во Нови Сад: Маж уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од несреќата
Непознат маж вчера во сред бел ден уринираше врз свеќите и цвеќето за жртвите од падот на кровот на железничката станица во Нови Сад.
Неколку десетици граѓани подоцна вечерта се собраа на истото место и го измија просторот каде непознатиот маж го осквернави со мокрење, објавија медиумите во Нови Сад.
Во неделата, на социјалните мрежи се појави видео од човек како мокри на свеќи, плишани играчки и пораки што граѓаните ги оставаат таму со месеци.
Граѓаните на Нови Сад и опозицијата побараа од властите итно да го идентификуваат и процесираат ова лице, со оценка дека оваа постапка претставува „дополнителна потврда за легитимирањето на монструозноста на насилниците“ кои со месеци вербално и физички напаѓаат студенти и граѓани, објави новосадскиот портал „Autonomija.info“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…