Објавено на:

Во Карпош ќе се поставува „Репелент“ против појава на змии

t

Од Општина Карпош информираат дека како дел од редовните пролетни активности, и оваа година е ангажирана овластена фирма која се занимава со поставување на „Репелент“ – средство за превенција и заштита од змии.

-Со оглед на моменталните временски услови (бидејќи постојат услови за врнежи од дожд), надлежните информираат дека наскоро кога се очекува да настапи стабилно и сончево време, службите ќе излезат на терен и ќе ја спроведат акцијата за поставување на ова заштитно средство- велат од Општината.

Оттаму нагласија дека средството ќе се поставува околу основните училишта и детските градинки, како и во непосредна близина на плоштадите, парковите и пофреквените места на територија на Карпош.

Овој „Репелент“ е природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи, информираат од локалната самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам…

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…