Трамп ќе им плаќа по 1.000 долари на илегалните мигранти да се самодепортираат
Администрацијата на републиканскиот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе плати по 1.000 долари на илегалните имигранти кои доброволно ќе се вратат во своите земји.
Имено како што јавуваат медиумите американското Министерство за домашна безбедност денеска соопшти дека финансиски ќе ги помага и награди илегалните имигранти кои ќе ги напуштат САД и ќе се вратат во својата земја.
Покрај финансиската и патната помош за самодепортирање од Соединетите Американски Држави, за која портпаролот на министерството потврди дека вклучува бесплатен билет во еден правец, дополнителни 1.000 долари ќе им бидат исплатени и на луѓето кои ќе потврдат дека се вратиле во нивната матична земја, објави Ројтерс.
Министерството соопшти дека најмалку еден илегален имигрант веќе ја искористил понудата и се вратил во Хондурас, додавајќи дека се резервирани уште неколку авионски билети за оваа и следната недела.
По победата на претседателските избори, Доналд Трамп вети дека ќе депортира милиони илегални имигранти од САД, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…