Објавено на:

Голем наклон за акушерките! Тие тивки херои кои живот значат и кога на мајката ѝ е најтешко велат „Тука сум“

t

Акушерката е првиот глас на охрабрување што го слуша мајката. Првите раце што го допираат новороденчето. Таа е тивок херој зад секое „добредојде на светот“. Денес, 5-ти мај, е Светски ден на акушерките.
Денес, 5-ти мај, се одбележува како Светски ден на акушерките (International Day of the Midwife).

Овој ден е посветен на признавање и славење на работата на акушерките ширум светот и нивниот витален придонес во здравјето на мајките, новороденчињата и семејствата.

Целта на овој ден е да се зголеми свеста за важната улога што акушерките ја имаат во здравството.

По тој повод Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје објави моќен текст посветен на акушерките.

Објавата од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје:
„5 Мај – Светски ден на акушерките

На секој петти мај, светот им се поклонува на оние кои ја држат првата нишка на животот – акушерките.

Тоа не е само професија. Тоа е повик што го бара срцето, тишина што го слуша првиот плач, раце кои пречекуваат живот меѓу болката и надежта.

Светскиот ден на акушерките се одбележува од 1992 година, по иницијатива на Меѓународната конфедерација на акушерките (ICM). Организацијата постои од 1922 година и денес ги обединува акушерките ширум светот, повикувајќи на достоинство, поддршка и соработка.

Но, приказната на акушерките е многу постара – таа е стара колку и човештвото.

poklon-za-akusherkite-tie-tivki-heroi-koi-zhivot-znachat-i-koga-na-majkata-i-e-najteshko-velat-tuka-sum-03.jpg

Во дамнешни времиња, акушерките не се учеле во училишта, туку преку поколенија – баба на внука, жена на жена. Тие биле чуварки на животот и народната мудрост.

Во нивните раце се крстосувале обред и медицинска грижа, молитва и храброст. Низ историјата, акушерката била почитувана како дел од светата врска меѓу мајката и природата.

И денес, и покрај медицинскиот напредок, акушерката останува првата што го гледа новиот живот, а често и последната што ѝ шепоти охрабрување на мајката.

Таа е тивок херој – нејзината работа ретко влегува во централните вести на денот, но секој нејзин ден значи живот.

Во една болничка соба, далеку од очите на светот, една жена се бори со стравот, со болката, со сопствените сили. До неа, акушерката со нејзините раце, нејзиниот глас, нејзиниот поглед ја носат најголемата порака: „Тука сум.“

И така, со секое новородено бебе, акушерката повторно се раѓа и самата – како чувар на животот.

poklon-za-akusherkite-tie-tivki-heroi-koi-zhivot-znachat-i-koga-na-majkata-i-e-najteshko-velat-tuka-sum-02.jpg

На овој ден, нека се спомнеме за сите акушерки – оние во големите болници и оние во рурални амбуланти, оние што работат со технологија и оние што се потпираат на искуството и љубовта.

Да им се заблагодариме што секој ден ја прават земјата побогата за едно срце повеќе.

Во денешно време акушерките се образуваат во специјализирани училишта, завршуваат факултети, специјализираат, едуцираат за секоја наредна мајка биде поспокојна за стручноста со која ќе ѝ биде пристапено.

Нека 5 Мај не биде само симбол, туку и потсетник – дека зад секое човечко срце, стои срцето на една акушерка.

На 5 Мај – Светски ден на акушерките им оддаваме почит на жените кои го пречекуваат новиот живот со раце полни грижа и срце полно љубов.

Акушерката е првиот глас на охрабрување што го слуша мајката. Првите раце што го допираат новороденчето. Таа е тивок херој зад секое „добредојде на светот“.

Од древните времиња до денешните родилишта, акушерките се симбол на надеж, сила и живот.

Додека ние го славиме почетокот на животот, тие се таму – ден и ноќ, со трпение и нежност, на првата линија на човечкото чудо.

Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, Ви благодари што не само што помагате да се родат деца – туку и за сета храброст, љубов и верба.

Понекогаш вие сте тие што не ги храбрат само мајките, туку и останатиот дел од персоналот. Вие сте првата алка која го почнува синџирот наречен живот.

Со Почит,

Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем наклон за акушерките! Тие тивки херои…

Акушерката е првиот глас на охрабрување што…

Страшно: Драстичен пораст на бројот на случаи…

Гинеколошкото одделение при Општата болница во Кочани…

Отворање на Центар за фетална медицина во…

На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…

Гинекологија преполна: На ГАК се повеќе трудници…

Во моментов има 11 позитивни жени, осум…

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во…

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го…