Градоначалник ќе може да се отповика на референдум, ќе се воведе и комунална полиција…
Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница, со кои се предвидува и референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.
Новото законско решение ќе почнат да важат за градоначалниците кои ќе бидат избрани на локални избори кои ќе се одржат оваа есен.
Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово ќе важат за новите градоначалници кои ќе се избираат во октомври на редовните локални избори.
„По одобрувањето од страна на Собранието, овие измени ќе донесат значителни подобрувања во функционирањето на општините, зголемување на транспарентноста, граѓанското учество и административната ефикасност“, велат од Владата.
Измените предвидуваат распишување на референдум за градоначалник доколку 20 проценти од граѓаните побараат предлог за негово разрешување.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински неколкупати досега информираше дека измените не можат да важат ретроградно, што значи дека не може да биде отповикан ниту еден од актуелните градоначалници. Со измените се очекува да се подобри состојбата на локално ниво и сите чинители кои се засегнати да имаат поквалитетно и поиздржано законско решение.
Од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) попладнево го поздравија поминувањето на предлог-законското решение на Влада и изразија надеж дека овој закон ќе биде донесен од Собранието во најкраток рок.
ЗЕЛС ја поздрави одлуката на Владата за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, а особено делот кој се однесува на формирање на општинска комунална полиција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…