(Видео) Наум во костим на прес плука ли плука: ДПМНЕ дава тендер од 500.000 евра за фирма за која ги обвинуваше СДС во 2022 година
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот профил на Фејсбук посочи на контрадикторност во однесувањето на партијата ДПМНЕ, алудирајќи дека и покрај претходните критики кон власта за сомнителни тендери, денес ја повторуваат истата пракса.
Мојсоска потсети на изјава од 7 февруари 2022 година, кога ДПМНЕ ја прозва тогашната власт и министерот Оливер Спасовски, барајќи одговори за тоа како фирмата „Дон Холдинг“, регистрирана за товарен транспорт, добила тендер од 500.000 евра за водоводни и санитарни услуги од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Но, како што истакнува Мојсоска, на 28 март 2025 година, повторно истата фирма – „Дон Холдинг“ – добила нов тендер во износ од 500.000 евра од МВР, сега под раководство на министерот Панче Тошковски, кој е предложен од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата таа фирма, за која ВМРО-ДПМНЕ пред две години прашуваше како може да добива тендери за водоводни услуги, денес повторно добива тендер од МВР. Само што овој пат, тендерот го потпишува нивниот министер“, наведува Мојсоска во статусот.
Оваа објава повторно ја отвора дебатата за континуитетот на клиентелистичкиот пристап во јавните набавки и отсуството на транспарентност и критериуми во доделувањето на државни договори, без оглед која партија е на власт.
Целата нејзина објава на Фејсбук во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
