Министерот на кој му се случи најголемата трагедија во историјата на Македонија од ливче читаше дека се намалувал криминалитетот

t

За трагедијата во Кочани Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага и поднесе кривични пријави против 70 сторители меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност без заштита, без селективност, без двоумење, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај.

Како успех во досегашното водство на Министерството за внатрешни работи Тошковски го истакна намалувањето на криминалитетот, разбивањето на 14 организирани криминални групи поврзани со дрога, силна борба со корупцијата, случајот „Адитиви“ во којшто се осомничени 23 лица, којшто го нарече симбол дека нема недопирливи, потоа откривањето на злоупотребите со инвалидските пензии.

-Безбедноста не е привилегија, туку темел на секое здраво општество. Затоа наша обврска е да не отстапуваме – порача Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…

Алта банка АД Битола е стабилна, со…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…

Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…

На социјалните мрежи се појави целосната снимка…

Пронајдени наркотични материи и вага во возило…

Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…