Да се наежиш: Нема веќе место за врски, непотизам и заштита на одговорноста, порача Мицкоски и му додели благодарница на Тошковски
Нема веќе место за врски, непотизам и заштита на одговорноста, порача Мицкоски и му додели благодарница на Тошковски
Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите – без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен. Силата на државата не се мери со привилегиите на поединците, туку со тоа дали правдата стигнува до сите – и до најмоќните, и до најмаргинализираните. Ние денес испраќаме силна порака: нема компромис со криминалот – порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај.
-Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред. Одлучни сме, како Влада, како институции, но пред сè како општество – дека оваа борба мора да се води со целосна посветеност, со вистински партнери и со чисти раце. „Правдата може да биде бавна, но никогаш не треба да биде слепа”, велат. Наша задача е да и ги отвориме очите – преку професионална, етичка и непоткуплива полиција. Полиција која ќе го гони криминалот, без оглед на тоа дали стои зад маска, позиција или пари. И токму затоа, инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме во вас – нашите полициски сили. Ќе вложуваме во технологија, опрема, обука, но и во достоинството што ви припаѓа – порача Мицкоски.
Тој порача дека граѓаните не смеат да заборават како изгледало секојдневието пред неколку години.
-Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ. Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките „ќе средиме“и „ќе се јавам“ беа погласни од законот. Но тоа време е завршено – рече Мицкоски.
Тој на одбележувањето му додели благодарница на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за зачувувањето на редот и мирот и за зачувување на безбедноста
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…
Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…
Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…
На социјалните мрежи се појави целосната снимка…
Пронајдени наркотични материи и вага во возило…
Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…