РЕКОРД: Бројот на банкроти во Европа на највисоко ниво во последните 12 години

t

Бројот на банкроти во Западна Европа минатата година беше највисок од 2013 година. Според извештајот на ревизорската агенција „Кредитреформ“ од вторник, 190.449 компании поднеле барање за банкрот.

Во исто време, се очекува овој број да продолжи да расте.

„Три години економска стагнација и рецесија не влијаеја само на Германија, туку и на цела Европа“, изјави директорот за истражување на „Кредитреформ“, Патрик-Лудвиг Ханч, објави ДПА.

Од најниската точка во 2021 година и 112.686 банкроти, бројот на банкроти во Западна Европа се зголеми за речиси 70 проценти до 2024 година.

Трендот не е само последица на пандемијата, туку кон него придонесуваат и наглиот пораст на цените на енергијата, падот на побарувачката и геополитичката неизвесност. Генерално, серијата кризи во последните години ги избришаа можностите на компаниите за закрепнување или раст.

Во 15 од 17-те западноевропски земји вклучени во анализата, бројот на банкроти се зголемил во споредба со претходната година.

Повеќе од една третина од банкротите во регионот се регистрирани во Франција, 66.088, што е за 17,4 проценти повеќе во однос на претходната година.

Највисока стапка на раст на банкротите, од 42,5 проценти, е забележана во Грција, пред Ирска со 32 проценти и Холандија со 31,7 проценти. Сепак, во овие земји, апсолутниот број на банкроти беше неспоредливо помал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

Просечната европска пензија во 2022 година била…

Пензиите се главен извор на приход за…

Кина: Го поддржуваме планот на Украина, Европа…

Кина го поддржува 30-дневниот прекин на огнот…

Џеј Ди Венс: САД и Европа се…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави…

РЕКОРД: Бројот на банкроти во Европа на…

Бројот на банкроти во Западна Европа минатата…