Вучиќ го продолжил летот кон Москва по принудното слетување во Баку?
Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува од Баку за Москва, каде што ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, дознава „Спутник“.
Вучиќ утрото тргна од Белград за Москва, но мораше да слета во Баку за да чека одобрение за продолжување на летот кон Русија поради борбите меѓу Русија и Украина, објави Танјуг. Сите земји претходно дадоа дозвола за летот, но продолжувањето на летот се чекаше поради борбени операции, објави репортер на Танјуг, додавајќи дека сите московски аеродроми во моментов се затворени.
Српскиот претседател, како што соопшти Кремљ, во петок треба да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Медиумите во Србија во последните денови шпекулираа дека Латвија и Литванија му забраниле на српскиот претседател да лета до Москва, па затоа не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ за патување до руската престолнина. На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…