Мотоциклист од Скопје е тешко повреден во судир со автомобил
40-годишен мотоциклист од Скопје е во болница со тешки повреди откако се судрил со автомобил во населбата Автокоманда, соопшти МВР.
„На 06.05.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“ со ул.„16 Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…