Објавено на:

(Видео) Спасовски: Барам сите пратеници да го поддржат законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани

t

Денеска пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе предлог-закон за поддршка на настраданите во несреќата во Кочани и членовите на нивните семејства по скратена постапка, истакна денеска на прес-конференција пратеникот Оливер Спасовски.

– Сметаме дека после настанот што се случи на 16 март, државата има обврска да има институционален одговор затоа што постојано укажуваме дека имаме системски проблеми, но мора да имаме и брз институционален одговор.

Предвидено е да имаме финансиска поддршка за семејствата на загинатитие, но и низа на поддршки од страна на здравството, социјалата, работните односи итн, рече Спасовски кој додаде дека оав нема да ги залечи сите рани и да ги оттргне сеќавањата на она што се случуваше во Кочани, но овој закон нуди можност граѓаните да почувтсвуваат дека имаат на кој да се потпрат, а тоа е државата.

– Пратеничката група на СДСМ понуди решенија кои ќе бидат од интерес на државата и граѓаните, очекувам и повикувам сите пратеници од законодавниот дом да се обединиме околу ова законско решение, да покажеме солидарност и поддршка на семејствата на повредените и загинатите во Кочани, истакна Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…

„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…

„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…

Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…