Објавено на:

(Видео) Поранешниот српски премиер Вучевиќ избркан од црква и гаѓан со јајца

t

Со извици „уаа“, исвиркувања и свирежи, граѓаните на српскиот град Кула го избркаа претседателот на владејачката СНС и доскорешен српски премиер, Милош Вучевиќ, од градот. Граѓаните се собраа околу православната црква што Вучевиќ ја посети на општинскиот празник Свети Марко, објавија српските медиуми.

Снимките доставени до редакцијата на Н1 покажуваат неколку униформирани полицајци како обезбедуваат премин за возилото на функционерот, а автомобилот во кој патувал поранешниот премиер бил погоден со јајца.

Потоа граѓаните фрлаа јајца врз просториите на општинскиот одбор на Српската напредна партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МО на Србија: Курти бесрамно лаже, Вучевиќ…

Министерството за одбрана на Србија денеска ги…