Објавено на:

Мерц: Русија ќе се соочи со нови санкции доколку не прифати прекин на огнот

t

Европа го поддржува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен прекин на огнот меѓу Русија и Украина, при што и ЕУ и САД се подготвени да воведат нови санкции врз Москва доколку таа одбие сериозни мировни преговори, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.

За време на неговата прва официјална посета на Брисел, Мерц ја повика Русија конечно да тргне по патот на „вистински мировни преговори“ и нагласи дека ЕУ и САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина , како и да ги зголемат средствата за Киев доколку е потребно, објави Ројтерс.

Мерц нагласи дека Германија останува против заедничкиот долг на ЕУ за финансирање на трошоците за одбрана.

Трамп повторно повика на 30-дневен безусловно примирје и рече дека разговорите со Русија и Украина продолжуваат.

Тој во четвртокот на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека САД ќе воведат нови санкции доколку не се почитува прекинот на огнот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше телефонски со Трамп во четвртокот, изјави портпаролот на украинскиот претседател Сергеј Никифоров. Зеленски рече дека Украина е подготвена за 30-дневно примирје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ