(Во живо) Филипче: Истрагата за Кочани е селективна – Ќе одговараат ли актуелни функционери и припадници на МВР?
Јас понудив оставка следниот ден после пожарот во модуларната болница во Тетово, тогаш оставката не беше прифатена, но Владата замина после 2-3 месеци, имаше нов премиер и целосно нов состав на Влада, истакна денеска во гостување во „Политиканти“ на Инфомакс претседателот на СДСМ, Венко Филипче коментирајќи го односот на Владата по трагедијата во Кочани во која загинаа 62 лица.
– Нашиот став е многу јасен зошто сметаме дека истрагата се води селективно, нашите прашања се многу конкретни и никој не дава одговор.
Зошто не се повикани на одговорност припадниците на МВР кои биле таму присутни неколку часови по полноќ, а во објектот имало малолетници, се продавал алкохол на малолтници и имало дрога. Во исто време кажуваме, истрагата се уште трае, ќе видиме.
Втората работа е апелот, повикот на граѓаните дека очигледно е потребно да се смени нешто во системот, прво групата родители кои доживеале страшна загуба, потоа студентите кои кажуваат дека сите политички партии кои го воделе системот имаат одговорност за тоа што се случило. Оттаму и нашиот став дека во ниту еден момент нема да ја политизираме трагедијата. Првата недела не излеговме со никаква политичка изјава, напротив, само нормална комуникација. Јас ги гледав и реакциите дека има договор со ВМРО-ДПМНЕ и не, нема таков договор, туку сакавме да покажеме емпатија.
Не критикуваат зошто Собранието не работело таа недела, за жал во Собанието се некој некого сака да надмудри, да надзбори, нема никаква суштинска дебата, владиното мнозинство се турка на сила, не се ни дебатираат предлозите на опозицијата и замислете во каква трагедија и срамота ќе се претвореше еден таков настан. Ќе беше срамота за државата, вели Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…