Георгиевски: Милијардата на Циле беше ПР маркетинг, како сега што се ветуваат 6 милијарди евра

t

Поранешниот премиер и актуелен бизнисмен Љубчо Георгиевски во поткастот „Бизнис муабети“ вели дека кога политичарите нафрлаат милијарди евра во јавноста тоа е политички маркетинг и невистина на која граѓаните треба да наседнат на оптимизмот.

Тој се согласува дека таков бил случајот со поранешниот премиер Зоран Заев кога ветувал влез на 8 милијарди евра, но и со неговиот коалиционен партнер Васил Тупурковски кога најави „милијарда“ од Тајван. Затоа, вели Георгиевски, таков е и случлајот со последните најави на актуелниот премиер Христијан Мицкоски за инвестиции од 5 до 6 милијарди евра.

– Тоа беше ПР маркетинг. Ја немаше (милијардата), не дојде .Еве и сега слушам дека ќе дошле 6 милијарди, рече претседателот на ВМРО-НП.

Ова ВМРО-ДПМНЕ,според Георгиевски, е „просрпско“ и како што вели тој, нема такво нешто во историјата. Георгиевски вели дека со актуелниот мандат на владата ќе бидат загубени четири години во евроинтеграциите

– Ова ВМРО нема врска ни со историското, ниту со она од наше време, рече Георгиевски и додаде дека актуелниот претседател на владеачката партија е донесен таму од претходниот премиер Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…

Компаниите што во последните три месеци редовно…