Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани
Собрани 10 000 евра од хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска за настраданите во Кочани.
– Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за настраданите од трагедијата во Кочани кои ќе бидат донирани, соопштија од иницијативата „SupportKocani“.
Концерт исполнет со емоции, солзи, љубов и моќна порака: дека музиката обединува таму каде што тишината боли.
– И дечките од „SupportKocani“ беа таму за да го почувствуваат тој момент на сплотеност и поддршка. Од име на цело Кочани благодариме. Ова нема да го заборавиме! – велат оттаму.
Тамара рече дека ова бил најемотивниот концерт во нејзиниот живот.
„Во моменти на тага и болка, секој/а од нас мислеше како може да помогне, а тоа да не е единствено со споделување на апели по социјални мрежи. Јас можам да помогнам преку тоа што најдобро знам да го правам – да пеам. Многупати се докажало дека преку музиката тагуваме, изразуваме болка, емпатија, поддршка… Инаку, иницијално идејата е на мојот татко, Велко, и решив да го послушам и заедно со мојот бенд и тим да организираме хуманитарен концерт за Кочани.“, истакна Тамара во неодамнешното интервју за Скопје Инфо.
Тамара знае како! Со 🎼музика се обединува и помага!
На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за настраданите од трагедијата во Кочани кои ќе бидат донирани.
Концерт исполнет со емоции, солзи, љубов и моќна порака: дека… pic.twitter.com/gHfcUQ0fFR
— Support Kocani (@SupportKocani) May 10, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…