Полицајците излегуваат на протест – бараат повисоки плати

t

Независниот синдикат на полицијата најави протест за денеска во знак на незадоволство од ниските плати и, како што велат, неправедната судска пракса. Според најавата, протестот ќе започне во 12 часот кај раскрсницата кај Мавровка, а ќе заврши пред Судскиот совет во Скопје околу 13 часот.

Претседателот на синдикатот, Мартин Ефремов изјави дека основната плата на полицајците е само 1.000 денари над законскиот минимум, што е спротивно на Законот за минимална плата. Според него, потребно е изедначување на платите и нивно пресметување соодветно, вклучувајќи ги и додатоците за минат труд.

Протестот е реакција и на постапката против четворица судии од скопските судови, за кои синдикатот поднел претставка поради сомнежи за непристрасност. Полицајците порачаа дека законот мора да важи подеднакво за сите, не само кога треба да се казнува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…

Компаниите што во последните три месеци редовно…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…