Кавадарчанец возел со 2,52 промили алкохол во крвта, па излетал од патот
На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци.
Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одземен пасошот и забрана за работни активности…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Кај две деца во Хрватска можеби била…
Новите податоци од истрагата во Хрватска отвораат…
ЕУ ја препозна злоупотребата на дел од…
Охрабрувачка, според премиерот, е најавата за постепена…
Шефот на Вишото обвинителство Битола, Пецо Везироски,…
Засега се опфатени четири предмети, но се…
Русија изврши масовен напад врз Украина: најмалку…
Најмалку осум лица загинаа во новиот бран…