Објавено на:

Косово: Запленет имот вреден над 2 милиони евра под сомнение за перење пари

t

Косовските власти запленија имот во вредност од над 2 милиони евра, под сомнение за перење пари, објави во понеделник Специјалното обвинителство на Косово.

Од таму соопштија дека спроведуваат „интензивни истраги во соработка со истражители од Секторот за финансиски истраги, во случајот со кодно име „Мати“, каде што беа уапсени три лица во текот на септември минатата година“.

Преку соопштение за медиумите, Специјалното обвинителство посочи дека се запленети дваесет станбени единици во вредност од околу 1,7 милиони евра, две деловни простории во вредност од околу 335 илјади евра, 17 гаражи во вредност од околу 145 илјади евра и шест магацини во вредност од околу 17 илјади евра.

Запленетиот имот, вреден 2 милиони 286 илјади 54 евра, според Специјалното обвинителство, е идентификуван на име на осомничениот Ш.Ц.

Запленетиот имот е со конечна забрана за пристап од Основниот суд во Приштина, се вели во соопштението на Специјалното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…