Меѓународната организација за цивилно воздухопловство: Русија е виновна за соборување на малезискиот авион во Украина
Русија е одговорна за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година и ги прекршила меѓународните договори за цивилно воздухопловство, пресуди денес Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).
Пресудата доаѓа по жалбата поднесена од Холандија и Австралија, објави NL Times.
Холандија поднесе жалба откако Русија се повлече од преговорите за утврдување на одговорноста за соборувањето на авионот.
Проруските сили го соборија малезискиот Боинг 777 што леташе од Амстердам до Куала Лумпур над источна Украина во јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 196 холандски државјани и 38 Австралијанци.
Организацијата е дел од ОН, денеска донесе одлука со гласање на земјите членки а нејзиниот Совет заклучи дека Русија ја прекршила Чикашката конвенција, која им забранува на земјите-потписнички да користат оружје против цивилни авиони.
Конвенцијата, потпишана од сите 193 членки на ICAO, се смета за основа на меѓународните прописи за цивилно воздухопловство.
Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп ја опиша одлуката на ICAO како важен чекор напред.
„Одлуката не може да ја отстрани болката и страдањето на семејствата на жртвите, но е вистинскиот чекор кон вистината и правдата за сите жртви“, рече министерот.
Авионо на Малезија Ерлајнс се урна на 17 јули 2014 година во Доњецката област, околу 40 километри на границата со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…