Објавено на:

Верските лидери ќе потпишат декларација против насилен екстремизам

t

Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОЗРГ), денеска верските лидери во земјава ќе потпишат Декларација против насилен екстремизам.

Како што стои во соопштението на МЦМС, верските заедници се меѓу клучните чинители во превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам, бидејќи присуството и активностите со граѓаните кои положуваат доверба кон нив, можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина.

– Нивното присуство во заедниците, активностите со граѓаните/верниците, довербата која граѓаните ја имаат во нив можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина и успешно спротивставување на овој феномен. Ова беше мотивот за иницирање на потпишувањето на оваа декларација која веруваме ќе ги зајакне напорите во превенирањето и борбата против насилниот екстремизам, стои во соопштението.

Декларацијата ќе ја потпишат архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, реисот на Исламската верска заедница Шаќир еф. Фетаху, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и директорот на МЦМС Александар Кржаловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен гевгеличанец: Пијан нападнал полицаец додека извршувал…

Полицијата во Гевгелија приведе 51-годишен жител на…

(Видео) Локализиран пожарот кај село Бибај, Маврово:…

Пожарот што избувна во близина на село…

Со багер оштетен оптички кабел – кривично…

Две лица се кривично пријавени поради оштетување…

Тешка сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“ во…

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…

Мароко ги протера новинарите од агенцијата ЕФЕ…

Мароко денеска ги протера новинарите на шпанската…