(Видео) Mилошевски до градоначалникот на Кочани: Не заборавај што им вети на родителите на починатите – Вети дека ќе бидеш прв на протестите, а последниот пат никаде те немаше!

t

Рано утринава гледам сум имал повик од Venko Krstevski кој потоа ми испратил некаков демант па бидејќи гледам дека има намера да се објаснува на Фејсбук да ја искористам и јас оваа можност.

Најпрвин не ми е јасно кој те подучил да испратиш демант на сопствено вклучување во живо во емисија затоа што нема никаква логика.

Вчера во Тешки Муабети имаше 40-тина минути да ја објасниш целата ситуација околу наводните дивоградби во трговскиот во Кочани.

Второ она кое што останува нејасно од вчера и не успеа да го одговориш е дали лажеше кога тврдеше дека угостителксите објекти во центарот на Кочани имаат решение за уривање затоа што викендов ги имаше повикано речиси сите можни инспекциски служби од Скопје.

Доколку како што тврдеше вчера, но и во твоето вклучување на Инфомакс пред еден месец овие објекти се дивоградби, а тоа е констатирано и има решение за рушење зошто едноставно не ги срушиш како што налага и Законот?

Трето убаво се сеќавам по телефон дека ми посочи дека не знаеш кој ја повикал полицијата од Скопје во Кочани за вчера во емисија да посочиш дека полициска асистенција е побарана лично од тебе.

Четврто функцијата многумина во минатото ја користеле за лична одмазда и лечење на лични фрустрации. Резултат на таквото работење изминатите 35 години е денешната состојба во државата.

Петто ќе те потсетам на твоето најголемо ветување кое лично јас го снимав, а беше дадено пред родителите на починатите деца во Пулс.

Ти Venko Krstevski лично и вети на сопругата на Ацо Пјаца дека „правда мора да има“ за смртта на нивните деца.
Ти Венко лично им вети на овие луѓе дека ќе го предводиш и ќе бидеш на чело на секој нареден протест.

Ти Венко се обврза и даде збор пред целата македонска јавност за викендов да го пријавиш таткото на едно од починатите деца во полиција затоа што наводно ти се заканувал со зборовите „ќе видиш ти“.

Мојата најголема предност, но и маана во животот е моето паметење. Жалам што кога ќе дојдете на функција вашето паметење се сведува на она на злана рипка.

Поздрав и секое добро. А сега демантирај го ова…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…