Пијан велешанец нападнал полицаец
На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки.
Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.
А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…
На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…
Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац
Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Утре ќе нема струја до 14:30 часот…
Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…
Tоварно возило прегази велешанка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…