Објавено на:

Калас: Путин „не би се осмелил“ да се сретне со Зеленски во Истанбул

t

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „нема да се осмели“ да присуствува на украинско-руските разговори закажани за четврток во Истанбул, на кои се очекува да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Зеленски постапи правилно кога рече: „Добро, подготвен сум да се сретнам со Путин, нека дојде“, нагласи Калас на конференција во Копенхаген. „Но, не мислам дека Путин ќе се осмели“ да оди, додаде таа.

Дополнително, европската функционерка изјави дека не верува оти Русија е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина.

„Не мислам дека (Русија) е заинтересирана за мир. Тие продолжуваат да ја бомбардираат Украина. Доколку беа заинтересирани за мир, можеа да престанат веднаш“, рече таа „Русија очигледно игра игри, обидувајќи се да купи време“.

Судбината на директните разговори меѓу Русите и Украинците во Истанбул задутре, четврток, останува неизвесна во однос на лицата кои ќе учествуваат во нив.

Рускиот претседател Владимир Путин – кој ги предложи разговорите – не разјасни дали самиот ќе присуствува, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ќе биде во Истанбул, но само ако Путин присуствува, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја остави отворена можноста и тој да биде на овие разговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…