Советниците на ДПМНЕ гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани!
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани, објави денеска на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Денеска советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓу општинска соработка помеѓу Струмица и Кочани со што формално паднаа во вода напорите на сите струмичани да институционално помогнеме на град кој пред многу кратко време се соочи со најголемата трагедија во историјата на независна Македонија…
Јас прво како човек сакам да се извинам на Кочани на нивните советници од ВМРО-ДПМНЕ, за нашите искрени заложби да пружиме рака, колку и да не сакам да политизирам морам да пуштам и порака до секој жител на Кочани, нашата поддршка е тука, таа е искрена, од срце и без никаква позадинска намера.
Изненаден сум од политичкото, хуманото рацио на ВМРО-ДПМНЕ Кочани, да се делува партиски дури и во денови кога единството е најпотребно, но одлуката е ваша, легитимна и јас и општина Струмица во целост ќе ја почитуваме.
Како град стоиме во целост на располагање на Кочани, на семејствата на починатите деца, на оние кои се повредени, да помогнеме согласно нашите можности. – напиша Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…