Дали „стратешкото партнерство“ со Велика Британија значи камп за мигранти во Македонија?
Провладините медиуми побрзаа да се пофалат дека е можно Македонија да склучи договор за стратешко партнерство со Велика Британија, но никој не кажува што ќе содржи евентуалниот договор.
Британскиот „Дејли Мејл“ објави дека албанскиот премиер Еди Рама го одбил британскиот премиер Кир Стармер за градење на камп за мигранти, односно лица кои Велика Британија ги одбила за азил или сака да ги депортира.
Сепак, на заедничката прес-конференција Рама рече: „Уште од првиот ден кога го започнавме овој процес со Италија, бев многу јасен дека ова беше единствен случај со Италија поради нашите многу блиски односи, но и поради географската положба, што има многу смисла.“
Стармер одби да ги именува можните земји кои би ги прифатиле мигрантите од Обединетото Кралство, но Дејли Мејл ги споменува Србија, Босна и Македонија.

Дали на Македонија покрај сите проблеми ѝ се потребни уште и мигранти кои поголемите земји сакаат да ги депортираат? Дали некој воопшто ќе ги праша граѓаните дали сакаат во Македонија да бидат прифатени и чувани мигранти?
Од Владата велат дека договорот се преговарал повеќе месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…