Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп
Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на бронзената статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена од пожар во 2020 година, пренесе АП. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, била поставена на трупецот во приватно поле во нејзиното родно гратче Севница.
Според полицијата и креаторот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена до глуждовите и украдена. „На 13 мај е примена пријава за кражба, а полициски службеници веднаш излегле на местото и започнале истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангус.
Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изразил жалење поради загубата на статуата. Тој исто така изјавил дека бронзената статуа била наменета како анти-споменик и антипропаганда и дека ја заменила изгорената дрвена скулптура.
Оригиналната дрвена скулптура ја прикажува Меланија во син фустан и потпетици, а ја изработи локалниот уметник Алеш Жупевц со моторна пила. Бронзената статуа беше поставена на крајот од првиот мандат на Доналд Трамп, додека тој водеше кампања за реизбор. Беше зајакната со бетонски и метални прачки на приватно земјиште. Истрагата за исчезнувањето на статуата е во тек.
Титулата на Меланија како прва дама ги разбуди надежите во нејзиниот роден град дека Доналд Трамп би можел да ја посети Словенија, што досега не се случило, а во Севница и беа посветени разни производи како колачи, чоколадо, мед и влечки.Според полицијата и креаторот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена до глуждовите и украдена. „На 13 мај е примена пријава за кражба, а полициски службеници веднаш излегле на местото и започнале истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангус.
Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изразил жалење поради загубата на статуата. Тој исто така изјавил дека бронзената статуа била наменета како анти-споменик и антипропаганда и дека ја заменила изгорената дрвена скулптура.
Оригиналната дрвена скулптура ја прикажува Меланија во син фустан и потпетици, а ја изработи локалниот уметник Алеш Жупевц со моторна пила. Бронзената статуа беше поставена на крајот од првиот мандат на Доналд Трамп, додека тој водеше кампања за реизбор. Беше зајакната со бетонски и метални прачки на приватно земјиште. Истрагата за исчезнувањето на статуата е во тек.
Титулата на Меланија како прва дама ги разбуди надежите во нејзиниот роден град дека Доналд Трамп би можел да ја посети Словенија, што досега не се случило, а во Севница и беа посветени разни производи како колачи, чоколадо, мед и влечки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
(Видео) Пратеник на СДС се качи на…
Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…
Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп
Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Америка бара контрола врз клучен гасовод во…
САД, според извештаи, побарале контрола врз клучен…