Објавено на:

Мерц ги повика европските сојузници: Мора да вложиме максимални напори за да ги задржиме Американците на наша страна

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика европските партнери да сторат сè што можат за да одржат добри односи со САД.

„Мислам дека мора да вложиме максимални напори за да ги задржиме Американците на наша страна. Не можеме да го замениме она што Американците сè уште го прават за нас во Европа, на нашиот континент и за нашиот мир и слобода“, рече денеска Мерц на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Албанија.

Тој додаде дека Германија е исклучително благодарна на САД за ова.

Мерц не кажа дали мисли дека сите партнери на НАТО треба да се придржуваат кон барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од нивниот економски производ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ