Објавено на:

Лавров и Рубио разговараа за руско-украинските преговори во Истанбул

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговарале за резултатите од руско-украинските преговори во Истанбул и за продолжувањето на руско-американските контакти, соопшти денеска руското МНР.

Рубио ги поздрави договорите меѓу Русија и Украина по разговорите во Истанбул и исто така ја истакна подготвеноста на Соединетите држави да продолжат да помагаат во решавањето на конфликтот, додаде руското министерство.

Рубио ги поздрави договорите за размена на воени заробеници и за подготовката од секоја страна на нејзината визија за условите неопходни за постигнување прекин на огнот и ја истакна подготвеноста на Вашингтон да продолжи да ја олеснува потрагата по решение“, се вели во соопштението.

Лавров ја потврди подготвеноста на Русија да ја продолжи соработката со САД за решавање на украинското прашање, нагласувајќи ја и позитивната улога на Вашингтон во прифаќањето од Киев на предлогот за продолжување на преговорите во Истанбул, пренесува РИА Новости.

Лавров ја истакна позитивната улога на САД, што придонесе Киев на крајот да го прифати предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на преговорите во Истанбул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров ја објави главната закана која доаѓа…

Главната закана доаѓа од силите на Запад…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…

Рубио: Трамп нема да учествува во бескрајните…

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде…

Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…

Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…

Лавров: Забраната за влез на автомобили со…

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…